Б2
Германскиот тест Б2 е погоден за луѓе кои сакаат да аплицираат за австриско државјанство по период на престој од шест години или кои сакаат да го докажат своето напредно познавање на германскиот јазик.
Со нивото Б2 може да се разберат сложени текстови на конкретни и апстрактни теми.
Испитот Б2 се состои од писмен дел од 2 часа и 20 минути и устен испит, кој трае околу 15 минути и може да се спроведе со двајца или тројца кандидати истовремено. Писмениот дел се состои од модулите читање со разбирање, јазични елементи, слушање со разбирање и писмено изразување. Пред усниот испит има 20 минути време за подготовка.
Минимален број на учесници: 6 лица.